Неколку цивили загинаа денеска во бомбашки напад на влез во џамија во Кабул, изјави портпаролот на талибанците.
Цел на бомбашкиот напад била џамијата во која се одржувала комеморација за мајката на портпаролот на талибанците Забинула Муџахедин.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, меѓутоа, откако талибанците го презедоа власта во Авганистан, кон средината на август, зголемени се терористичките напади од страна на таканаречената Исламска држава.
Зголемувањето на бројот на нападите, истовремено, ја зголеми и можноста за поширок конфликт меѓу двете екстремистички групи.
Исламска држава го задржа присуството во источната провинција Нангархар и ги смета талибанците за непријатели.
Оваа група досега ја презеде одговорноста за неколкуте напади врз талибанците, вклучувајќи и ги убиствата во главниот град на провинцијата Џалалабад, додека нападите во Кабул досега беа ретки.