САД сакаат да ја истуркаат Русија од сите сфери на животот во Бугарија. Меѓутоа, оваа цел им е утописка, кажа руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова во интервју за РИА Новости, што е цитирано од БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, руската амбасадорка во Бугарија како пример ја наведува желбата на САД да се справат со влијанието на Русија во Бугарија и притоа го наведе протерувањето на деветте руски дипломати од Софија.
Според Митрофанова, оваа цел е недостижна, бидејќи немаше начин да се избрише заедничката историја и духовната блискост што ги поврзува народите на Бугарија и Русија.
Руската амбасадорка во Бугарија се надева дека дипломатската криза меѓу Москва и Софија е веќе затворена страница. Но, според неа, поднесувањето тужба против шефот на бугарското русофилско движење, Николај Малинов, покажало дека Софија води антируски курс. Таа предвидува дека не постои опасност во догледна иднина Бугарија да се откаже од рускиот гас, бидејќи течниот гас е многу поскап.
Од зборовите на амбасадорката јасно се гледа дека Москва е подготвена да работи со секоја бугарска Влада што ќе следи, бидејќи има многу области во кои соработката може да биде корисна и заемно корисна.