Смилевски: Костовски да пријави во МВР ако видеото во кое повикува на насилсто е лажно

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски во дебата на ТВ Клан побара институциите да ја проверат вистинитоста на видеото кое го објави “тетовасот“, а на кое е неговиот противкандидат Дарко Костовски, кој пее навивачки анти-албански песни.

-Не знам искрено која е вистината, но сум згрозен од тоа што го видов, се надевам дека не точно како што вели Костовски. Но би замолил видеото да се провери, оти кога збориме за ВМРО-ДПМНЕ знаеме што се случуваше во 2015 година, секогаш некој нив им лепеше и им додаваше. Противкандидатот Костовски да пријави во полиција да се провери дали видеото е вистинско или не, рече Смилевски.

Градоначалникот одговори и на обвинувањето на Костовски, кој рече дека токму кумот на Смилевски, кој бил вработен во општината, побарал „албанска крв во Бутел“, како и дека тој и ДУИ стојат зад монтажата на видеото.

-Сметам дека нема проблеми ниту со меѓуетничките односи ниту со безбедноста во општината. Тоа се виде во анкетите. Во однос на мојот кум, дотичната особа, јавноста знае дека веднаш по инидентот реков декатој доби отказ во општината и дека со него немам контакт, рече Смилевски.

 

Треба да знаете
Последни објави