Полицијата утринава го продолжи увидот во атарот на селото Тешиќ кај Алекцинац на местото каде претходниот ден беше пронајден запалениот автомобил „пасат“ на семејството Ѓокиќ.
По автомобилот кој е целосно изгорен дошол вилушкар кој возилото треба да го однесе на форензичка анализа. Како што објавија медиумите вчера, автомобилот бил пронајден десет километри од местото каде биле отриени телата на Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25), исто така запалени.
Според неофицијалните наводи од истрагата, тројцата Ѓокиќи го познавале својот убиец, коо најверојатно го пуштиле во автомобилот, со кој се враќале од посета кај мајката на Горан во селото Моравац. Тој, се претпоставува дека имал и помагачи, откако ги убил тројцата се одвезол со „пасатот“ па го запалил. Во возилото останале мобилните телефони на Горан и Лидија.
Телата биле изгорени до непрепознатливост, а жртвите наводно биле идентификувани врз основа на накит. Мотивот за бруталното убиство на тричлено семејство најверојатно се парите, поточно долгот што го имал некој кон Горан, кој имал менувачница во Алексинац и, според неофицијални информации, повремено давал пари по камати.
Полицијата полиграфски ќе ги испита роднините, пријателите и познаниците на семејството во наредните денови со цел да провери дали се точни информациите што им биле дадени деновите по нивното исчезнување. Она што е особено чудно во овој случај е тоа што никој од интервјуираните луѓе не кажа ништо што може да покаже зошто некој може да им наштети.