5.000 висококвалитетни дрвја ќе бидат засадени во Aеродром

Кампањата на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром продолжи со садење на нови дрвја во Долно Лисиче. Филиповски, заедно со кандидатите на советници од СДСМ и коалицијата организираа еко – акција, со цел да ја подигнат јавната свест за заштита на животната средина.

Во програмата „Најдоброто за Аеродром“ предвидено е и садење на повеќе од 5.000 висококвалитетни дрвја рамномерно по сите населби. На овој начин, дополнително ќе се зголеми зеленилото во општината.

  • Сепак, мора да се грижиме и за постоечкото зеленило. Затоа, ќе поставиме системи за наводнување по маалските паркови. Аеродром е познат по маалскиот живот, а овие паркови се „душата“ на нашата општина и мора хигиената и зеленилото во рамки на тие зони да биде на повисоко ниво, посочи Филиповски.

Кандидатот за градоначалник и неговиот тим денеска се во Долно Лисиче, каде што остваруваат повеќе средби со граѓани.

Во разговор со жителите, Филиповски истакна дека за овој дел се предвидуваат повеќе инфраструктурни активности: реконструкција на улица „2“, нова водоводна мрежа на ул. „12“, како и изградба на нова сала за реонското основно училиште „Гоце Делчев“.

 

Треба да знаете
Последни објави