На 03.10.2021 во 03,00 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево автомобил „киа соренто” со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од село Лешани, излетало од патот.
Возачот со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо” за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од село Мешеишта, починал на самото место на несреќата.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.