Милан ја потврди одличната форма на почетокот на сезоната откако славеше со 3-2 на гостувањето во Бергамо против Аталанта во седмото коло од Серија А, победа која за „црвено-црните“ е шеста оваа сезона.
Натпреварот почна фантастично за гостите, бидејќи поведоа уште во 28-та секунда со голот на Давиде Калабрија, кој дефинитивно оди на душа на домашниот голман Хуан Мусо.
Потоа и Сандро Тонали искористи една грешка на домашниот тим за да погоди за 0-2 во 43.минута. Точка на победата на Милан стави Рафаел Леао во 78.минута. Аталанта го ублажи поразот во самиот финиш. Прво од пенал погоди Дуван Запата во 86.минута откако Жуниор Месијас играше со рака во својот шеснаесетник. Марио Пашалиќ во 94.минута ги постави конечните 2-3.
Милан сега на втората позиција на табелата има 19 бодови, два помалку од Наполи. Но го израмни рекордот за најдобар старт во историјата по сезоната 2003/2004, кога исто така на седум натпревари имаше шест победи и само едно реми.
По ова коло Милан е второпласиран, додека Аталанта е на осмата позиција.