Атанас Вангелов, Павле Кузманоски, Бедиа Бегова и Махи Несими добитници на државната награда „11 Октомври“

Министерството за култура информира дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, со кој претседава Џевдет Хајредини, а во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница ги додели наградите по следниве категории:

  1. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата му се доделува на

–  проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.

  1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

 

– Павле Кузманоски, академски сликар;

– Бедиа Бегова, актерка;

– Махи Несими, политиколог.

 

Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РСМ“. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави