Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села за време на еден партиски митинг пред присутните рече дека доколку победат на локалните избори, неговата партија ќе го зголеми бројот на вработени Албанци на 65 проценти, додека вработените македонци ќе ги избрка од работа како технолошки вишок, објави Газета.мк која го пренесува opinionshqip.live
„Во регионалните министерства на централната власт овде во Струга нема да има 20 проценти или 10 проценти Албанци или воопшто, 65 проценти ќе бидат Албанци, додека Македонците ќе останат како технолошки вишок затоа што ги фатиле нашите места“, рече претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.
Но, има еден проблем, Села заборава дека е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која „ги множи со нула Албанците “, а камоли да му ги дозволи на Села „лагите“ што им ги ветува на Албанците.
Погледнете го видеото на овој ЛИНК: