Фејсбук не падна само за корисниците, како и неговите „сестри“ Инстаграм, Ватсап и Месинџер – падна и за вработените во таа компанија. Тие не можат да влезат во одредени канцеларии затоа што немаат електронски значки, и можат да користат само одредени компјутерски програми во таа компанија.
Социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, како и мрежите за допишување Ватсап и Месинџер не работат цело попладне. Компанијата не објави за што станува збор, освен кратка изјава дека се свесни за проблемот и работат на негово решавање што е можно поскоро.
Меѓутоа, новинарката на Њујорк Тајмс, Шира Френкел, специјализирана за технологија, напиша на Твитер дека разговарала со вработените во Фејсбук кои и рекле дека не можат да влезат во зградата бидејќи немаат електронски значки за идентификација.
Рајан Мек, новинар за овој весник, исто така, наведе дека компанијата нема внатрешни програми и алатки, како и платформи за комуникација. Тој објасни дека вработените во Фејсбук му рекле дека никој не може ништо да направи во седиштето на компанијата.
Неговиот твит беше ретвитуван од Њујорк тајмс, кој исто така ги објави овие неофицијални информации од своите новинари.
Според НБЦ Њуз, вработените во Ватспап наведуваат дека ниту една програма не им работи, освен е-пошта и календарите.
Ним им беше забранет пристап до конференциски сали бидејќи се отклучуваат преку таблет поврзан на Интернет.