Аталанта загуби на домашен терен од Милан (2:3) во 7. коло од италијанската фудбалска Серија А. Тренерот на тим от од Бергамо, Џанпјеро Гасперини остана воодушевен од прикажаната игра на „росонерите“. Милан доминираше во текот на целиот меч и имаше водство од 3:0 се до 86-та минута, а Аталанта во последните минути успеа да постигне две гола и да се избори за пристоен пораз.
-Рано примениот гол многу влијаеше на текот на натпреварот, а потоа вториот гол дојде по наша грешка. Кога Милан поведе со 2:0 ние ја загубивме самодовербата, но треба да му оддадеме почит на Милан, кој игра фантастично, вели Гасперини.
-Милан ме импресионира со прикажаната партија. Играат на уникатен начин и со многу интензитет. Во моментов во Серија А нема тим како Милан, истакна Гасперини.