Големото дерби во англиската фудбалска Премиер лига меѓу Ливерпул и актуелниот првак Манчестер сити на „Енфилд“ заврши без победник 2-2. Мане и Салах погодија за „црвените“, додека кај гостите во листата на стрелци се запишаа Фоден и Де Бруине. Трофејниот шпански стратег Пеп Гвардиола кој го предводи тимот на Манчестер сити во својот коментар за дербиот од 7. коло не штедеше пофалнми зборови.
-Каква игра! Поради оваа причина, Манчестер сити и Ливерпул се таму каде што се во последните години, затоа што секогаш се обидуваме да играме на највисоко ниво. За жал, не можевме да победиме – но ниту загубивме. Ова е причината зошто Премиер лигата е најдобра. Беше одлично, навистина одлично. Резултатот е резултат, и не можеме да го промениме. Знам колку е тешко да се игра против овие играчи и овој тренер. Ова е неверојатен предизвик за нас секој натпревар. Начинот на кој игравме во Париз и денес покажува дека сме одличен тим. Се молам да продолжиме на ист начин и играчите да се вратат здрави од настапите за своите репрезентации, е разимето на Гвардиола по дерби натпреварот.