Заев во Кавадарци: Сите инфраструктурни проекти ги направи Владата, а не Митко Јанчев

Една просечна плата во Кавадарци вреди многу повеќе отколку во Скопје, во овој регион реконструиравме патишта , не тоа не го направи Митко Јанчев, туку Владата исто како што инвестиравме во гасоводот, водоводот и канализацијата, мостот во Ваташа, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на митингот во Кавадарци.

-Сето тоа го направи Владата, каде беше ВМРО да прави кога беше на власт, а ова е општина која постојано својот глас го дава за нив, но ние покажавме дека  така се работи чесно и одгворно, државата е тука да им помага на општините, не ги делевме по ниеден основ, Кавадарци е сведок дека Владата инвестираше тука без оглед кој ја води општината, рече Заев.

-11 милиони евра се вложени во Кавадарци, СДСМ и коалицијата за Кавадарци имаат јасен план, инвестиции и локален економски развој, затоа се посветуваме на градење силна економија, бидејќи локалната економија е двигател на животот, затоа инвестиицте од централната власт ги насочуваме кон општини како и тука во Кавадарци, во секој град во секое населено место се определивме на политики за рамномерен развој за да можат сите да работат во своите родни места, младите да останат тука, да не бегаат во Скопје или надвор од државата и да создаваат за своето работно место, рече тој.

Заев потсети дека во градот Владата поддржа и млади земјоделци кои отворија млади винарии.

-Затоа просечната плата ја зголемивме на 28.700 денару, над 6000 денари за четири години,  инималната од 8-9000 денари ја зголемвиме на 15.000. а до крајот на годината и 18.000 денари, пензиите пораснаа 2000 денари за четрии години, а пензиите ќе растата уште повеќе од јануари со новата методологија согласно просечната плата и заради зајакнатиот пензиски фонд и буџет тоа може да го издржи.Ги раздолживме општините со на 50 милиони евра, и 500 милиони за проекти, граѓаните гледаат кој изгради 60 градинки, 80 училишта, а кој постави гипс картон, кој ја држи струјата под контрола а кој ја покачуваше постојано, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави