Канатларовски дополнително ги повика Николов од Вардар и Тодоровски од Работнички

Македонските фудбалски репрезентативци до 21 година ги почнаа подготовките за квалификациските натпревари од Европското првенство  2023, кои ќе ги одиграат на гостински терен на 7 октомври во Клаксвик против Фарски Острови и четири дена подоцна во Ереван против Ерменија. Селекторот Драги Канатларовски се соочи со проблеми поради тоа што не може да смета на Метју Божиновски и Стефан Чолаковски, кои поради ковид-19 протоколите не можеа да допатуваат од Австралија, а исто така тренерот не може да смета ниту на повредените Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

Поради тоа македонскиот селектор во репрезентацијата ги повика Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички, кои се приклучија на репрезентацијата.

Македонија предводена од Канатларовски во првите две кола од квалификациите е без победа, има пораз од Франција со 0-3 и реми без голови против Србија.

Треба да знаете
Последни објави