Ве известуваме дека денеска, 04.10.2021 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот, прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на адресата на portparol@vlada.gov.mk најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.
Акредитираните новинари за онлајн видеовклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.