Сите услуги под покровителство на Фејсбук, кои вклучуваат Месинџер, Ватсап и Инстаграм, денеска паднаа низ светот нешто пред 18 часот, а луѓето веднаш притрчаа на Твитер за да го изразат своето незадоволство и да се пошегуваат со ситуацијата.
„Закерберг додека се обидуваше да го поправи Whatsapp, Instagram и Facebook се урнаа !
https://twitter.com/i/status/1445054289014149120
„Сите избегаа од Инстаграм на Твитер за да видат дали барем работи “.
„Го мијам автомобилот и падна Инстаграм “.
„Ги исклучив податоците неколку пати мислејќи дека имам проблем со интернет конекцијата.
„Се расправав со некого на Инстаграм, а потоа серверите се расипаа и сега таа личност ќе мисли дека победила во дебатата, но не.“
„Сите ние го фалиме Твитер откако Фејсбук падна по педесетти пат оваа година “.
„Твитер и Спотифај никогаш не ме изневерија“.