На вечерашната дебата во Само вистина на Канал 5, кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ и коалицијата, Душко Весковски, не беше на дебата со двајца противници од различни партии, туку со двајца претставници на една страна.
Имено, Весковски прецизно ги посочуваше причините за пропаѓање на општина Карпош за време на владеењето на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, големиот долг оставен од времето на Стевчо и начините за да се врати тој долг, Јакимовски се бранеше дека бил одговорен за многуте направени нешта, притоа избегнувајќи ја одговорноста за неодговорното работење во општината, како и одговорот дека повеќе зел отколку што дал. Зафировски, пак само набљудуваше и се оградуваше од секаква одговорност на партијата која ја претставува.
Весковски, поентираше со реалните проекти и достигнувања во изминатиот период во општина Карпош, поддршката од ЕУ за издржаните проекти, планската реализизација на инфраструктурни проекти и реалната можност за нивната изведба.
Исто така, ги потенцирање и реалните проблеми на граѓаните како и начините за нивно решавање.