Продолжението на „Веном“ постави рекорд на киноблагајните во ера на пандемија во првиот викенд, додека последниот филм со Даниел Крег како 007, No Time To Die, ги руши сопствените рекорди во странство.
„Веном 2“ со оригинален наслов Venom: Let There Be Carnage ја докажа доминацијата на филмовите за суперхерои и антихерои кога ја проголта конкуренцијата со профит од 90,1 милиони долари на домашните киноблагајни.
Импресивната тридневна проекција му помогна на Марвеловото продолжение да собори нов рекорд на боксофисот во ерата на пандемијата, според „Вараети“.
Во меѓувреме, најновиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ постави сопствени рекорди среде пандемија на меѓународните пазари со деби од 119,1 милиони долари, според „Холивуд репортер“.
Многу помрачното продолжение на Venom доаѓа од продукциската куќа „Сони пикчрс“ и е одделно од Марвеловиот филмски универзум на „Дизни“, кој неодамна ги претстави Shang-Chi and The Legend Of The Ten Rings и Black Widow – двата филма со најголема заработка на годината во домашните киноблагајни.
Ако неговите први три дена во кината се индикација, „Venom: Let There Be Carnage“ изгледа дека ќе се најде во групата на најголеми заработувачи во 2021 година.