Георгиевски: Имаме трајно решение за Вардариште, простор за спорт и рекреација наместо депонија

4 години враќавме наследени долгови и се боревме да надоместиме 20 години загубено време со поставување водоводи, канализации, изградба на градинки, училишта, инфраструктура. Но, и здравата средина беше и останува наш приоритет.

Денеска, најавувам дека четвртиот од клучните проекти во програмата 2021-2025 е  – Решавање на депонијата Вардариште.

Наша цел, заедно со градот Скопје, е затворање на депонијата во Вардариште. Во овие четири години веќе донесовме еден ДУП за овој дел на општината.

Подготвени и во постапка се дополнителните уште два детални планови за Вардариште кои ќе чекаат зелено светло од Советот.

Единствената намена која со овие планови се предвидува на целиот простор е зеленило, спорт и рекреација.

Паралелно, предвидено е започнување со процес за хуманизација на земјиштето според добиените насоки од страна на стручни лица кои ги вклучивме во овој процес.

Дополнително, започнува со изградба и велосипедска патека од Мерцедес до Јурумлери, покрај Вардар. Постапката е завршена и фирмата е воведена во работа.

Овој проект е поделен во неколку фази на реализација, а првата фаза се протега од Мерцедес до Вардариште, во должина од 2500 метри.

Изминативе четири години посветено работевме за подобрување на животната средина.

За прв пат беше извршено пошумување на Скопска Црна Гора каде засадивме 15.000 багреми. Уредивме 9000 метри квадратни јавно зеленило. Го реконструиравме паркот „Горан Стојменовиќ” во Инџиково. Паркот на улица „Коце Металец” во Железара.

Маалските паркови кај последна 45-ка, на улица Јани Лукровски, на улица Трифун Хаџи Јанев во Автокоманда и пред Делиција во Ченто.

ЈКП Гази Баба го опремивме со нова опрема и механизација и прерасна во претпријатие кое денес е вистински сервис на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави