Илиевски на средба со жителите на Умин Дол,Ново село и Љубодраг:Ќе ги подобриме условите за живот, канализација и водоводна мрежа,асфалитрани улици со пешачки патеки
Денеска кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ и Коалицијата оствари средба со жителите на Умин дол, Ново село и Љубодраг.
„Ќе изградиме канализација со приклучок на пречистителна станица до Ново село и ќе асфалтираме патишта со пешачка патека покрај главниот пат“- изјави Илиевски од Умин дол.
Тој потенцираше дека е срамно во 2021 година да зборуваме за канал и афалт, но дека овој проблем ќе биде еднаш засекогаш решен.
Илиевски за Ново село и Љубодраг исто така вети изградба на канализација со приклучок на пречистителна станица , асфалтирање на патишта со пешачка патека покрај главниот пат.“
„Во Ново село ќе изградиме мултифункционлано игралиште, а во Љубодраг че го реконструираме подрачното училиште“- заврпи Илиевски потенцирајќи дека училиштето е изоставено од досегашните инвестирање и тоа мора да добие нов лик, за своите ученици.