Македонските фудбалерки до 17 години со триумф над Молдавија ги завршија квалификациите за Елитната фаза

Македонската репрезентација составена од фудбалерки до 17 години забележа убедлива победа со 4:0 над Молдавија во последното коло од квалификацискиот турнир во Естонија.

Два гола постигна Панеска, по еднаш реализираа Настовска и Села. Молдавија уште во седмата минута остана со играч помалку на теренот по директниот црвен картон што го доби Гуту.

Во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза, Македонките загубија од Украина со 3:0, а во второто беа поразени од домаќинот, Естонија со 5:0.

На крајот на турнирот, Украина го освои првото место, со максимални девет бодови, пред Естонија со шест, Македонија заврши на третото место со три бода, последна без ниту еден освоен бод заврши селекцијата на Молдавија. 

Треба да знаете
Последни објави