Милевски го пречека новоповиканиот Ракип од Малме

Новоповиканиот фудбалер на шведскиот Малме, Ердал Ракип кој ќе биде меѓу кандидатите за дебитантски настап во „црвено-жолтиот“ дрес за двата октомвриски мундијалски квалификациски дуели  со Лихтенштај и Германија, пристигна за подготвките во Скопје. Го пречека селектрот Благоја Милевски со дел од играчите кои се најдоа на неговиот список за овој двомеч.

Ракип треба да ја зголеми конкуренцијата на македонските државен тим  во средниот ред. Поради повреда Милевски за средниот ред нема да го има на располагање Енис Барди. Македонија попладнево од 17 часот ќе го одржи шпрвиот тренинг од мини-подготовките пред гостувањето во Лихтенштајн в петок од 20.45 часот, а в понеделник во Скопје е дуелот со Германија (20.45 часот).

Треба да знаете
Последни објави