Невил го советува Солскјер да му покаже на Роналдо кој е главен во клубот

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер се соочува со притисок откако „црвените ѓаволи“ на последните две средби како домаќини на „Олда Трафорд“ не забележаат победи. Најпрво загубија од Астон Вила (0:1), а видендов ремизираа со Евертон (1:1). На овој натпреавр повратникот меѓу „црвените ѓаволи“, фудбалскиот ас Кристијано Роналдо мечот го почна од клупата за резерви. Доби шанса да влезе во игра во 57 минута. Разочаран што не игараш од самиот почеток и на крајот не победи Манчестер јунајтед, Португалецот веднаш со последниот судиски свиреж со трчање самиот се повлече во соблекувалната.

Ваквиот негов потег го критикуваше некогашниот капитен на „црвените ѓаволи“ Гери Невил, во анализа за „Скај Спортс“ и му порача на  тренерот Солскјер дека мора што поскоро да го реши проблемот со Роналдо и неговото однесување.

-Гледав како Роналдо го напушта теренот и не можам да кажам дека ми се допадна неговото однесување. Бил несреќен што не игра? Што не даде гол? Што тимот не победи? Па ние ги знаеме сите тие работи, но начинот на кој го покажа незадоволството, со напуштање на терен без да се поздрави со тренерот и соиграчите, тоа испраќа погрешна порака. Тој е доволно паметен за да знае дека со таквиот потег ќе изврши притисок врз тренерот, и тоа врз тренерот што веќе се соочува со доволно голем притисок. Оле мора да реагира, да покаже кој е главниот во клубот, тој веќе имаше една суперѕвезда во Пол Погба што ја изменаџира доста добро. За Солскјер нема дилема, мора да се грижи за себе, ако треба да биде и себичен понекогаш, бидејќи ако не го стори тоа целосно ќе го загуби авторитетот“, порача Невил.

Треба да знаете
Последни објави