Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов посакува победа над Лихтенштајн за подигнување на самодовербата пред мечот со Германија во квалификациите за Светското првенство 2023.
Ни треба дисциплина и агресија. Максимален пристап. Треба да пристапиме на натпреварот со Лихтенштајн како да играме против Германија. Ни треба целосен фокус. Поквалитетни сме од нив, но треба да го покажеме тоа на терен. Ни недостасува победа за поголема самодоверба во оваа репрезентација. Секој селектор си има свои идеи, ние добро го знаеме Благоја Милевски, има свои стил на работа, секогаш оди до крај, имавме добри три натпревари ни се надевам дека сега ќе ја крунисаме добрата игра со победа, изјави Николов за веб-страницата на ФФМ.
„Црвено-жолтите” на 8 октомври гостуваат во Лихтенштајн, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваат Германија.