Скопје целосно се дигитализира, апликацијата „Мое Скопје“ е достапна за граѓаните

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со дигитализацијата и отвореноста на град Скопје кон граѓаните, градоначалникот Петре Шилегов посочи дека апликацијата „Мое Скопје“ е веќе достапна на секој граѓанин: „Градот целосно се дигитализира, контактот помеѓу администрацијата и граѓаните ќе биде дигитален. Граѓаните во секое време ќе знаат каде ќе биде нивниот предмет, и граѓаните преку таа апликација во секое време ќе можат да се обратат на својот градоначалник.“

Шилегов укажа дека „она што некои го зборуваат, град Скопје веќе го има имплементирано и го завршува“, и им порача на скопјани да ја побараат апликацијата „My Skopje“ – „Моето Скопје“, која е веќе достапна за корисниците на андроид на Google Store, а наскоро ќе биде достапна и за корисниците на уреди „Епл“.

 

Треба да знаете
Последни објави