Изградба на атмосферска канализација е приоритет во мојата Програма, изјави кандидатот за градоначалник на Бутел, воедно и актуелен прв човек на Општината, Велимир Смилевски, во дебата на ТВ Клан.
“Освен атмосферската канализација, клучни проекти и во завршна фаза се изградба на градинка во состав на ООУ„Св. Климент Охридски” во месноста, Бутел веднаш по изборите, како и училиште во Визбегово за кое отворањето на тендерската постапка е предвиден за 12 октомври. Предвидени се монтажни катни гаражи: две катни гаражи во Скопје-Север, една во ТЦ „Живко Брајковски” и во Радишани. Многу важно за жителите на Бутел е што со дислокација на Полициската станица во месноста Расадник, ќе изградиме голем Зелен пазар.”, рече Смилевски.
Кандидатот за градоначалники, воедно и актуелен прв човек на локалната администрација во Бутел, нагласува дека, во најголем дел, сето она што било ветено – е завршено или е во завршна фаза.
“Во однос на ветувањето за Поликлиниката, приоритет е да се заврши амбулантата која е во тек, како и преговорите со министерствата за труд и социјална политика и министерството за здравство за размена на два објекти кои овие институции ги користат. Проблемот со Поликлиниката беше што претходната власт немаше предвидено локација за нејзина изградба, односно се планираше на место на постоечката амбуланта, па сега се отвори нов ДУП во кој се вцртува нова парцела за изградба”, нагласи Смилевски.
Надоврзувајќи се на инфраструктурните објекти во тек, во врска со тополовдниот систем и парното греење во Бутел, тој потенцираше дека е изготвено техничко решение од страна на новото раководство на градскотото претпријатие, дека се добиени сите лиценци, а постапката е поставена на седница на Совет, во завршна фаза. Смилевски нагласи интересен факт поврзан со планирата изградба на Противпожарната станица, а тое е дека дел од парцелата предвидена за неа, претходното општинско раководство ја продало на лицитација од Министерството за трансорт, а изведено преку Општината.
“Во однос на реката Серава, изградени се 200 метри од коритото, исчистени 1.000 метри од коритото и заштитниот појас. Имаме 250 проекти кој се изработени во изминативе четири години, од кои веќе две години се справуваме со ковид пандемија”, нагласи Смилевски.