Филиповски: Хуман третман за решавање на проблемот со бездомните кучиња во Аеродром

Изградба на повеќе паркови за миленици, поставување на наменски корпи за отпад, едукации за одговорно сопствеништво, бесплатно микрочипирање, вакцинација и стерилизација. Ова се дел од барањата кои сопствениците на миленици од Аеродром му ги пренесоа на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник за оваа општина на СДСМ и коалицијата.

На попладневната средба, присутните разговараа и за правилен и хуман третман на бездомните кучиња.

Во повеќе населби низ општината можат да се забележат повеќе бездомни кучиња, кои во одредени случаи претставуваат закана и за граѓаните – минувачи.

Оттука, очигледна е потребата од еден посистемски локален пристап за намалување на овој проблем. Тоа подразбира поголема соработка со ЈП „Лајка“, но и вклучување на организациите, неформалните групи и поединци во решавањето на проблемот со кучињата – скитници.

Филиповски истакна дека овој инклузивен пристап ќе биде дел од неговото работење, не само по ова прашање туку и при креирањето на другите локални политики.

 

 

Треба да знаете
Последни објави