ТП денеска соопшти дека отвори истрага против германскиот тенисер Александер Зверев поради наводите на неговата поранешна девојка Олга Шарипова дека физички и психички ја злоставувал.
Обвинувањата против Александер Зверев се сериозни и наша одговорност е да ги провериме. Се надеваме дека истрагата ќе ни помогне да ги утврдиме фактите и да превземеме соодветни дејствија. АТП го осудува секој облик на насилство и ќе ги истражи овие наводи.
Веруваме дека Зверев ја поддржува нашата истрага и свесни сме дека ги негираше обвинувањата. Исто така ќе го следиме процесот во германскиот суд поврзан со овој случај – изјави Масимо Калвели, извршен директор на АТП.
Поранешната девојка на тенисерот, Олга Шарипова го обивни Зверев дека кога беа заедно тој физички и психички ја злоставувал. Зверев ги негираше овие обвинувања.