Министерството за култура информира дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, со кој претседава Џевдет Хајредини, а во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница ги додели наградите по следниве категории:
- За животно дело во областа на науката и образованието, наградата му се доделува на
– проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.
- За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– Павле Кузманоски, академски сликар;
– Бедиа Бегова, актерка;
– Махи Несими, политиколог.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РСМ“. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.