Весковски: Општина Каропш треба да се развива кон Злокуќани, Бардовци и касарната Илинден со плански и хумани градежни активности

„Општина Карпош треба да се сврти кон руралните делови како Злокуќани, Бардовци и касарната Илинден со планска и хумана дисперзија на градежните активности“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ и коалицијата, Душко Весковски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Новиот мост на Љубљанска, мостот кај Александар Палас и двата пешачки моста на реката Вардар дозволуваат со право да говориме дека јасна е целта и визијата и на општина Карпош и на градот Скопје каде треба да го гледаме развитокот на општината“ кажа Весковски.

Тој доадде дека може да се најдат маани за неговата работа како директор на јавно претпријатие, или за актуелниот градоначалник Стефан Богоев, но тешко е да се работи во општина која е со огромен долг.

„Навистина е тешко вие да работите во една општина каде првиот работен ден ќе ви започне со 18 милиони евра долг. Реален долг, потврден со факти и аргументи“ кажа Весковски.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата најави дека само со еден убав пристап, со искрени мотиви и реални проекти кои може да се реализираат може да се излезе пред граѓаните и да се бара нивната доверба.

Треба да знаете
Последни објави