Кандидатот за градоначалник во општина Гази Баба на СДСМ и коалицијата Најдоброто за Гази Баба, Борис Георгиевски одржа средба со жителите на населеното место Црешево.
„Секој жител во Гази Баба заслужува да живее во современи услови без разлика дали е дел од урбана или рурална средина. Ние досега добро покажавме и докажавме дека се грижиме за сите, а така ќе биде и во иднина. Црешево тоа најдобро го знае. Жителите на Црешево знаат дека во нас имаат посветен партнер кој ги решава проблемите. Веќе работиме на изградбата за фекална канализација. До сега изградени се 1200 метри примарна мрежа од десниот крак со изведени повеќе од 30 шахти.” истакна на средбата Георгиевски.
Проектот за изградба на фекална канализација во Црешево го продолжуваме и во втората фаза со изградба и на пречистителна станица. Го подготвуваме патот за асфалтирање од црквата Св. Петка до месноста Трника. Учениците од подрачното училиште “Наум Охридски” конечно ќе добијат соодветни услови за вежбање, добиваат нова спортска училишна сала.
Програмата која ја нудиме пред граѓаните го нуди најдоброто за Гази Баба. Проекти за секое маало, за секое населено место.