Експлозија пред џамија во Кабул во која се вршел погреб на мајката на портпаролот на талибанците

Во експлозија пред влезот на џамија во центарот на Кабул, Авганистан, загинаа повеќе цивили, објави портпаролот на талибанците.

Експлозијата се случила пред портите на џамијата во која се одржувала погребната церемонија на мајката на талибанскиот портпарол Забихула Мухаџид, јави Си-ен-ен.

https://twitter.com/mohammadkhawri/status/1444643888816345094

Во нападот загинале најмалку 12 лица, а десетици се повредени.

Засега никој не ја презеде одговорноста.

Треба да знаете
Последни објави