Шише со запалива течност ноќеска било фрлено кон продавница во Тетово при што се оштетени долниот дел од излогот и стаклото, но повредени нема, соопшти полицијата.
Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица, а случајот е пријавен околу 2 часот и 30 минути.
-Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово, сопственост на 66-годишниот Е.Ј. од тетовско Шемшово било фрлено шише со запалива течност. Оштетен е долниот дел од излогот и стаклото. Нема повредени лица, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.