Наполи на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е единствениот клуб во најдобрите пет лиги во Европа што нема загубено бодови тековната сезона.
Калчолигашот Наполи како гостин во 7. коло од италијанската Серија А ја совлада Фиорентина (2:1), додека Пари Сен-Жермен загуби од Рен во натпреварот од 9. коло на француската Лига 1 (0:2). Така, италијанскиот клуб остана единствениот тим што не загубил бодови во националното првенство.
Наполи победи на сите седум досегашни натпревари во Серија А сезоната 2021/22. Тимот е лидер со 21 бод.
Елмас на гостувањето против Фоиорентина доби шанса да заигра за Наполи од клупата за резерви во 57 минута.