Тиодоровиќ: Ако не се вакцинираме, ќе се заразиме сите !

Српскиот епидемиолог д-р Бранислав Тиодоровиќ кој е член на Кризниот штаб кај северниот сосед нема дилема каква треба да биде стратегијата во неговата земја во битката со пандемијата наметната од коронавирусот.

-Во моментов, стратегијата за излез од овој бран е многу јасна. Во рок од 10 до 15 дена, треба да се вакцинираат 20 до 25 проценти од нашите сограѓани кои не го сториле досега тоа. Ако сега имаме 53 проценти вакцинирани сограѓани, останатите се невакцинирани. Меѓу нив се одржува вирусот. Не само што се одржува сојот, туку доаѓа и до мутации и до создавање нови можности за соеви, вели Тиодоровиќ.

-Ако го сториме тоа, би можеле да ја стабилизираме ситуацијата, објаснува професорот, додавајќи дека е потребно ригорозно спроведување и контрола на постојните мерки, а тоа се мерки кои се во сила цело време. Ако не го сториме тоа, втората сценариото воопшто не е поволно, додаде членот на Кризниот штаб во изјава за српските медиуми.

А, кога станува збор за понеповолното сценарио Тиодоровиќ упати јасна порака дека сите ќе бидеме инфицирани од коронавирусот.

-Второто, понеповолно сценарио е природниот процес. Вирусот ќе ги зарази сите, но оние што се вакцинирани ќе бидат заштитени. За жал, ова не важи за постарите лица, бидејќи кај постарите лица хронични, тешки пациенти, не може да се постигне толку  високо ниво на заштита и затоа се во опасност. А, тие се заразени од млади луѓе, затоа апелираме, луѓето да се вакцинираат. Ако не го сториме тоа, природниот процес ќе создаде конфузија, вирусот ќе продолжи да опстојува кај младите луѓе, појасни Тиодоровиќ.

Треба да знаете
Последни објави