Стотици љубители на животни на Филипините не сакаа да го пропуштат традиционалниот благослов на Светскиот ден на животните и празник на Св. Франциско Асишки – нивниот светец-заштитник. Свеченоста и овојпат се одржа „во возење”, поради корона-пандемијата.
За да ги заштитат и миленичињата и нивните сопственици, организаторите втора година по ред прскаа света вода врз животните додека тие се во своето возило.
Филипините имаат повеќе од 2,5 милиони заразени и над 38.000 смртни случаи од Ковид-19. Оваа островска држава е меѓу најтешко погодените од пандемијата во Азија, во однос на смртните случаи и економските загуби.
На настанот беа благословени повеќе од 500 животни од различни видови и големини.