Џорџ Клуни со сопругата Амал на премиера на нов филм под негова режисерска палка

Големата холивудска ѕвезда и миленик на дамите, Џорџ Клуни, го истакна класично добриот изглед додека присуствуваше на премиерата на своето ново режисерско остварување, The Tender Bar, во неделата во Лос Анџелес.

Сопругата на Џорџ (60), Амал Клуни (43), изгледа софистицирано во црна креација со сребрени апликации.

Џорџ и Амал, кои имаат четиригодишни близнаци, Ела и Александар, ретко се појавуваат заедно на настани. Но, моќната и ценета меѓународна адвокатка за човекови права очигледно не можеше да ја пропушти премиерата на новото филмско остварување на својот сопруг.

Џорџ Клуни зрачи со гордост додека ја држи сопругата близу до себе, со раката лесно префлена околу нејзината половина. Дефинитивно, еден од најубавите славни парови.

Исто така, присутни на настанот со многу sвезди беа и актерите од филмот, вклучувајќи ги Бен Афлек, Лили Рејб, Тај Шеридан и Кристофер Лојд, како и други големи имиња кои излегоа да ја видат специјалната проекција на филмот на „Амазон студиос“.

Ова е филмска адаптација на автобиографијата на писателот добитник на Пулицерова награда, Ј. Р. Моринџер, познатиот бестселер од 2005 година со оригинален наслов The Tender Bar.

Треба да знаете
Последни објави