Во Србија повеќе од 7.000 новозаразени, а починаа 51 пациент

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се 7.190 заразени лица со корона вирусот. Во истиот период, починале уште 51 пациент.

Тестирани биле 23.903 примероци. На респиратор се 269 пациенти, а во болница се лекуваат 6.519 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани 974.179 случаи на зараза, а тестирани се 5.751.180 луѓе.

Досега починаа 8.481 лица, како последица на корона вирусот,а процентот на смртност е 0,87 отсто.

 

Треба да знаете
Последни објави