Во интервју кое го дал за „Л‘Екип“, фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе признава дека својот клупски колега Бразилецот Нејмар го нарекол клошар ! Францускиот репрезентативен напаѓач Мбапе со овоие зборови му се обратил на Бразилецот откако направил погрешно додавање во играта.
-Да, навистина кажав дека тој клошар никогаш не ми подава. Такви нешта се случуваат во фудбалот. Откако случајот се надува, лично зборував со Нејмар. И претходно сме си разменувале слични нешта и ќе продолжиме да го правиме тоа бидејќи секогаш сакаме да победуваме. Тоа не го кажав затоа што не го почитувам, туку едноставно не бев задоволен од една негова одлука за додавање на топката. Нема никаков проблем, во други ситуации јас не му додавав и тој беше незадоволен, ја расветли ситуацијата младиот гол-играч Мбапе.



