Во очекување на премиерата на 25-тото продолжение од сагата за тајниот агент 007 пред македонската публика, на 6. октомври оние кои веќе го изгледаа „Нема време за умирање“ (No Time To Die) се воодушевени од новата приказна за Бонд и последниот, петти настап на Даниел Крег во таа улога.
Во биографијата на режисерот Фукунага стои дека бил студент на постдипломски студии Tisch School of the Arts, а тоа е групата на Манчевски на Универзитетот Њујорк. Македонскиот режисер и професот се потсетува како младиот талентиран режисер кој во тоа време работел и камера, „влетал“ во неговата група за режија:
-Да, Кери ми беше студент студиите по уметност на Универзитетот Њујорк и тоа од прва година на постдипломски студии. Беше интересно што се пополни мојата група, во тоа време тројца предававме постдипломски, тројца предававме режија и секој имаше своја група, но мојата прва се пополни и Кери задоцни па бараше посебна дозвола од деканот и од мене за да слуша филмска режија во мојата група. Се гледаше од одма дека е страшно талентиран, тоа не беше спорно, а сам работеше и камера. Мислам дека се уште сам често работи камера и после тоа се виде и во понатамошните кратки филмови и во првите играни филмови и во „True Detective“, неговата серија. Тој се гледаше дека ќе биде успешен не само поради талентот кој го поседува, туку поради способноста да го пласира својот талент. Мислам дека уште неговиот прв краток филм доби Оскар за краток филм, изјави Манчевски, ексклузивно за „Слободен печат“…
Преземено од Слободен Печат