Славни личности се пошегуваа за шестчасовниот глобален прекин на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Не требаше долго време за познатите личности и нивните менаџери за социјални медиуми да почнат со весел притисок бидејќи Фејсбук не работеше цели шест часа во понеделникот.

Sвездите како Рис Витерспун, Снуп Дог, Адел, па дури и Доли Партон и многу други објавија смешни твитови откако Фејсбук, Инстаграм и Ватсап претрпеа шестчасовен глобален прекин.

Имајќи предвид дека Твитер е ривал на Фејсбук, технолошката драма ја „запали“ страницата за микро-блогирање со смешни досетки и мемиња.

Според шоу-биз медиумите, половина од интернетот во првите неколку часа неработење на Фејсбук се пресели на Твитер каде сите колективно се потсмеваа со фактот дека оваа најпопуларна социјална мрежа не функционира со часови.

Се чини дека Твитер задоволно ги трие рацете бидејќи забележа речиси 60 милиони нови корисници по падот на Фејсбук.

Што се однесува до мемиња, има сè – од теории на заговор до исечоци од мега популарнатата серија на Нетфликс, Squid Game. Во шегата се приклучија и служби за спасување на планина.

Некои од нив твитнаа: „Почитуван Фејсбук, дали треба да ја земеме нашата опрема и да се подготвиме за спасувачка операција?“

Водечката социјална мрежа Фејсбук и нејзините платформи – сестринскиот сајт Инстаграм и сервисот за пораки Ватсап – во понеделникот попладне по средноевропско време беа недостапни за милијарди корисници ширум светот.

Интернет-страниците и апликации често страдаат од повремени прекини, но повеќечасовни хаварии се ретки. Последниот глобален прекин се случи во јуни годинава и траеше помалку од еден час.

Треба да знаете
Последни објави