Сузан Сарандон и на 75-от роденден покажува дека годините се само број

Американската глумица, Сузан Сарандон денес го слави 75-от роденден, а таа е една од оние жени кои покажуваат дека годините се само број. Оваа младолика глумица често на црвениот тепих знае да ги засени своите колешки.

Ѕвездата отсекогаш сакала да оди во теретана, а пред неколку години почнала да се занимава и со бокс.

“Не можев да замислам дека удирањето во човек толку ќе ме забавува”, рекла Сузан која редовно тренира за да ја одржува својата линија. Исто така споделила дека пуши марихуана додека ги чита сценаријата за филмовите.

“На тој начин добивам подобра перспектива и мислам дека подобро ги сфаќам ликовите кои ги глумам”, објаснила таа. Додава дека секогаш им велела на своите деца дека марихуана помага во решавањето на стресот, но дека не поддржува секојдневно консумирање.

Иако зад неа има години полни со успешна кариера, сепак не било се совршено. Имано, Сузан во филмот “Bull Durham” едвај ја добила улогата бидејќи сметале дека е многу стара и често ѝ кажувале дека не е духовита.

Сепак, таа успеала да се прослави, а со својот шарм успеала да совои многу срца, едно од нив и на музичарот Дејвид Боуви со кој се запонале на снимањето на филмот “The Hunger”.


“Да, бевме во врска, тој беше прекрасен човек, исто така беше исклучително талентиран во сите сфери”, рекла Сузан.

Парот бил во врска во 80-те години, а се вели дека крајот на врската дошол бидејќи таа не сакала да има деца.

Треба да знаете
Последни објави