Бен Афлек вели дека никогаш не се чувствувал подобро како сега кога се приближува до 50-тата година. Актерот во неделата за „Екстра“ изјави дека животот е добар и дека е многу среќен.
Афлек (49) се чини дека е прилично вљубен во неговата старо-нова партнерка Џенифер Лопез (52), со која последен пат беа видени како се држат за рака на проекција на неговиот нов филм „The Tender Bar“ што се одржа во Pacific Design Center, западен Холивуд, во неделата.
„Јас сум многу среќен. Ова е многу среќен период во мојот живот. Животот е добар,“ ѝ рече Бен за Џен Ламерс од „Екстра“.
Бен и Џенифер повторно започнаа врска во април, откако таа се раздели од својот свршеник Алекс Родригез.