(Видео) Фудбалер кој нападна судија во Бразил од терен спроведен во притвор, ќе му се суди за обид за убиство

Фудбалските натпревари во Јужна Америка доста често знаат да бидат симбол за насилство и исклучително груба игра на терените, но натпреварот меѓу Гуаранија и Сао Пауло РС ја разгневи цели јавност во Бразил поради скандалот кој се случил. Пресметката меѓу нисколигашите завршија со застрашувачко физичко насилство кон главниот судија на натпреварот, откако играчот Вилијам Рибеиро му задал неколу удари на арбитарот, а притоа го удрил со нога во глава додека лежел на земјата.

Видеото од агресијата на фудбалерот на Сао Пауло стана вирална во изминатите неколку часа во Бразил и спортската јавност од оваа земја ги изнесе сите детали од случувањата по крајот на средбата.

Судијата Родриго Кривелјаро итно бил пренесен во болница поради добиениот силен удар во главата и медиумите откриваат дека тој е во стабилна состојба, а од друга страна, напаѓачот бил приведен од полицијата и сега ќе биде изнесен пред суд и ќе му се суди за обид за убиство.

Сао Пауло РС го осуди однесувањето на Рибеиро и веднаш му врачи отказ, а бразилските медиуми бараат овој фудбалер да добие доживотна забрана за фудбал.

https://streamable.com/nu91mm

Треба да знаете
Последни објави