Вработена во гостиварско казино, која имала клучеви од апаратите за игра на среќа, се послужила со речиси 9.000 евра, кои потоа ги потрошила играјќи на истите апарати, информираат од МВР.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.М.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување”. Пријавената, одговорно лице на работно место оператор во подружница на правно лице од Гостивар, во периодот мај – јуни 2021 ја искористила својата положба и ги употребила доверените клучеви од ВДТ апаратите во објектот и во повеќе наврати од нив извадила парични средства во висина од 537.070 денари, кои ги искористила за играње, оштетувајќи го правниот субјект во кој била вработена, се вели во полициското соопштение.