Ганиу: Уште 450 нови излози за чаршиските дуќани

Градоначалникот на Чаир и кандидат за следните 4 години, Висар Ганиу денеска во Старата чаршија се сретна со еснафот, пред кои даде отчет за она што општината направила за Чаршијата, во текот на неговиот четири годишен мандат.

„Денес се состануваме за да ви честитам за успешно реновираните 137 излози на чаршиските дуќани. Овој проект го започна општина Чаир во рамките на своите проекти за ревитализација на чаршијата, како економски и во естетски план. Сите овие излози се направени од дрво, со цел да се остранат сите излози направени од пластика или алуминиум, и со што како прво го враќаме автентичниот изглед на чаршијата и истовремено создаваме еколошки концепт на овие излози“, кажа Ганиу пред еснафот.

Ганиу информираше дека за време на реставрацијата во некои дуќани, биле пронајдени оштетени излози, кои штетеле на овие бизниси.

„Главната цел беше да им се помогне на еснафите на чаршијата и да се афирмираат занаетите како бизниси, бидејќи денес се загрозени од дивата индустријализација и сериско производство. Во следниот мандат, предвидуваме да реставрираме уште 450 излози, со што ќе се постигне целосна обнова на чаршијата”изјави Ганиу.

Градоначалникот  Висар Гнаиу рече тоа што го прави Скопје град е чаршијата.

„Чаршијата е нашата агора. Тоа е срцето на Скопје, но и срцето на Чаир. Чаршијата е манифестација на цивилизираност. Тврдините и чаршиите раскажуваат колку се стари овие градови. Духот на чаршијата е еснафот или разните слоеви и профили на занаетчиите. Старите чаршии на Балканот денес се симболи и дух на древните градови на Балканот. Чаршијата е прекрасен спомен од нашето детство, но ќе биде светла иднина и спомен за нашите деца. За нејзе, Општина Чаир се грижеше и ќе продолжи да се грижи”, вети Ганиу.

Ганиу рече дека паралелно со уредувањето на излозите, обовена е и калдрмата на Чаршијата, додека пристапот до чаршијата е значително олеснет со паркингот на Бит пазар со 220 паркинг места.

За време на средбата со еснафотприсутен беше и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Министерството за економија ќе продолжи со проектот за реставрација на излозите во Старата чаршија во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави