Кошаркарот на НБА-лигашот Далас маверикс, Лука Дончиќ потпиша договор со „WME Sports”.
Компанијата ќе му помогне на 22-годишниот Словенец во сите видови бизнис-проекти и ќе се занимава со неговите деловни односи надвор од кошаркарските терени.
„WME Sports” исто така ќе изработи стратегија за развој на личниот бренд на спортистот.
Изминатото лето Дончиќ се договори со Далас за продолжување на договорот од пет години според кој ќе заработи 207 милиони долари.
Дончиќ во Далас дојде од Реал Мадрид во 2018 година и набргу потоа стана суперѕвезда во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.