Зверев: Мило ми е што АТП почна истрага за обвинувањата против мене, подолго време барав да го сторат тоа

Четвртиот рекет на светот, Александар Зверев, ја коментираше истрагата што ја започна АТП за наводите за семејно насилство од негова страна.

– Отсекогаш целосно го поддржував креирањето на АТП пакетот мерки за борба против семејното насилство. Покрај тоа, мило ми е што АТП ја започна оваа истрага, па дури и јас самиот барав да го направат ова неколку месеци. Како што реков претходно, категорично и одлучно негирам сè што ми се припишува. Успеавме да добиеме прелиминарна забрана против изданието и новинарот што ги објави овие лажни информации. Во судското мислење се наведува дека сите обвиненија се лажни и клеветнички. Меѓутоа, и публикацијата и новинарот го прекршуваат судскиот налог и одбиваат да го отстранат тој извештај, додека продолжуваат да шират неосновани наводи на социјалните мрежи. Моите адвокати веќе започнаа понатамошна постапка, изјави Зверев.

Асоцијацијата на тениски професионалци соопшти дека отвори истрага против германскиот тенисер поради наводите на неговата поранешна девојка Олга Шарипова дека пред една година, Зверев  физички и психички ја малтретирал.

Треба да знаете
Последни објави