,,Ако вршите притисок врз граѓаните можете да ги изреволтирате и зад параванот да гласаат против вас, граѓаните сакаат фер и демократска кампања, а таква кампања ја водиме ние“ -изјави Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово во емисијата Став на тв Плус.
Илиевски вели дека нема притисок врз членството и граѓаните. Јас се потпишувам пред граѓаните и не барам потписи од граѓаните, вели Илиевски.
,, Потпишавме кодекс за фер кампања и немаме никакви притисоци врз вработените, тоа може да биде само контрапродуктивно. Со позитивна кампања ги очекуваме гласовите и од непартиски и неопределени граѓани затоа што ја имаме најдобрата програма за сите граѓани.