Кога славните дами иницираат одреден тренд, тогаш знаеме дека тоа е дефинитвно „ин“. Кратките шишки се повторно се враќаат во мода, а Меган Фокс, Лејди Гага и Дуа Липа веќе ги носат.
Микро шишки, познати и како „бејби бенгс“се нов фризерски тренд што со задоволство го прифатија славните дами. Пејачката Дуа Липа ги покажа за време на снимањето на кампањата за „Версаче“, манекенката Бела Хадид веднаш прифати да експериментира, а актерката Меган Фокс, иако со вештачки, прошета по црвениот тепих на модната екстраваганца „Мет гала“.
Овој тренд набргу го прифати и Лејди Гага, која на својот профил на социјалните мрежи претстави фризура инспирирана од изгледот на легендарната Холи Голајтли, ѕвездата на филмот „Појадок кај Тифани“.